сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 23

Отворање на Првиот македонски конгрес за орална и имплантнa хирургија

сасо

Последни вести

Во Скопје следните два дена ќе се одржи Првиот македонски конгрес за орална и имплантнa хирургија со интернационално учество, на кој учествуваат 20-ина еминентни предавачи од Италија, Словенија, Србија, Германија, Британија, Албанија, Косово и други држави.

Конгресот го отворија претседателот на Здружението на специјалисти орални хирурзи на Македонија Мери Пеева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефаноски, деканот на Стоматолошкиот Факултет Љубен Гугувчевски, претседателот на Здружението на стоматолози Соња Апостолска и Недим Касами, претседател на Здружението на стоматолози Албанци во Македонија.

Мотото на Конгресот е „Уметноста на оралната и имплантната хирургија на дланка“ и организаторите најавуваат амбициозна програма од државно и национално значење.  Конгресот е организиран во соработка со меѓународни асоцијации од Британија, Италија, Албанија, асоцијацијата Ресторативна стоматологија и Европската академија за дентална имплантологија.

– Во Конгресниот одбор, односно во научниот и организацискиот одбор на Конгресот, активно се вклучени и стручни лица со академско звање од асоцијациите со кои соработува Здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија. Долгогодишната клиничка работа во областа на оралната и имплантната хирургија се базира на повеќедецениското искуство кое континуирано се развива во насока на современа и мултидисциплинарно базирана стоматологија, велат организаторите на Конгресот.

Програмата која ја нуди Конгресот, според нив, е рефлексија на прогресот и искуството на оралните хирурзи во пошироки рамки, со акцент на практичните и клинички пораки кои ќе произлезат низ стручните дискусии како заедничко искуство.

– Разноликоста во научната програма и богатството на работилници за почетници и искусни практичари во областа на имплантологијата и оралната хирургија, ќе наидат на интерес кај секој терапевт како провокација и можност за стекнување нови знаења, додаваат организаторите на Конгресот.

Најчитани вести