Отворен аеродромот во Приштина

Аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина довна попладнево повторно е отворен и сите планирани летови и слeтувања се одвиваат нормално.

Аеродромот беше затворен вчеравечер кога авион на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ излета од пистата при слетување по дождливото време.

Во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот, но никој не е повреден,но како што јави приштинскиот весник „Експрес“ лекрска помош помарале десет патници,кои се пожалиле главно на стрес.