Отворен Центар за сензорна терапија на лица со аутизам

Во Општина Аеродром, денеска беше отворен Центар за сензорна терапија „Во мојот свет“ за лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Центарот се наоѓа на улица „Методија Шаторов – Шарло“ (поранешна „Руди Чајавец“) бр. 6, поточно кај старите воени кули.

Центарот беше отворен под покровителство на Општина Аеродром, сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова и Бугарската амбасада во Скопје, а ќе го води Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.

autizam 22.6 (7)

autizam 22.6 (13)