Македонија

Отворен ден на АВРМ во Дебар

Отворен ден на АВРМ во Дебар

Во рамки на проектот „Отворен ден“ директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, денеска во Дебар се сретна со невработени лица и работодавачи.

На средбата, во присуство на раководителот на дебарскиот центар за вработување Афет Авмедоски, беа разменети мислења и искуства околу мерки на АВРМ за вработување и планирањата за иднина во правец на зголемување на вработеноста.

Според Авмедоски само со мерката за самовработување вработени се над 200 лица, отворени се 138 фирми, при што дури 95 осто од нив се уште се активни.

– Не само што продолжуваме со овие мерки, кои придонесоа видно да се намали процентот на невработеност, а да се зголеми бројот на вработените, Владата на Република Македонија, ќе реализира и други мерки, се со цел остварување на што поголем број вработувања. Во мај се планира отпочнување на Оперативна програма со четири мерки, меѓу кои и обука на невработени лица за ајпи вештини. Доколку во Дебар се поријават најмалку 10 лица обуката ќе биде тука во Дебар, рече Попоски.

Тој информираше дека од ноември се планира да почне со работа канцеларија на Агеницијата за вработување во Центар Жупа.

фото: Курир