Отворен ден на Владата

Граѓаните денеска ќе можат да ја посетат Владата на Република Македонија и непосредно да се запознаат со нејзината работа.

Реализацијата на проектот „Отворена Влада“ предизвика голем интерес кај граѓаните па поради тоа Владата одлучи на граѓаните повторно да им овозможи одблиску да се запознаат со работата на институцијата.

Граѓаните кои ќе имаат можност да ја посетат Владата ќе се запознаат со нејзината работа, начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, како и со организацијата на нејзината работа.

Во рамките на обиколките на зградата ќе бидат опфатени и Салата за билатерални средби, Кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала. Воедно при посетата ќе биде овозможено присуство на седница на една од владините комисии.