Отворен државниот натпревар по информатика

Во просториите на ФИНКИ при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје денеска во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Агенцијата за млади и спорт беше отворен  Државниот натпревар по информатика за ученици од основни и средни училишта во Македонија.
На отворањето свое излагање имаа претседателот на ЗИМ Миле Јованов, генералниот менаџер на СЕМОС Валентина Тасева, продеканот на ФИНКИ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
 
– Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки, потенцираше Спасески.
Најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе им бидат доделени награди во техничка опрема која ќе им помогне во нивната натамошна професионална надградба
Дополнителен мотив е учеството на најдобрите на Македонската олимпијада, која, пак, ќе го трасира патот до Светската олимпијада во Киргистан најавена за јули годинава.
Натпреварот е организиран во рамки на проектот „Најдобар млад програмер“.