МВР отвори информативен центар за превенција во Штип

МВР отвори информативен центар за превенција во Штип
МВР отвори информативен центар за превенција во Штип
Заменик Министерот за вантрешни работи Митко Чавков и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев денеска го отворија Информативниот центар за превенција кој е лоциран во едношалтерскиот систем на локалната самоуправа.
Последните неколку години во МВР правиме значителни напори за зајакнување на капацитетите на МВР во делот на превенција. За таа цел развивме организациски структури и надлежности за развој на системско решение од долгорочен карактер. Значителен дел е насочен кон развојот на превенцијата и развојот на партнерства со локалната сомуправа, со НВО секторот, со граѓаните. И оваа иницијатива е во тој дел и се надевам дека напорите за функционални реформи преку овие надлежности за превентивни механизми ќе ја промени свеста и во МВР, кај полицијата со цел да се разбере дека превентивното делување е клуч за спроведување на законите, кажа Чавков.
Градоначалникот Захариев напомена дека соработката со МВР е на високо ниво и дека овој инфо-центар е дополнителен сегмент за уште поголема соработка.
Секој градоначалник сака мирен град, да нема криминал, да нема семејно насилство, кражби, помалку дрога. Мислам дека овој потег на МВР е извонреден. Граѓаните овде ќе доаѓаат два пати во неделата и на овој шалтер ќе ги пријавуваат проблемите, бидејќи и порано се случувало за вакви теми и проблеми да реагираат и до мене. Штип е мирен град, но сепак ова е можност со превенцијата работите да бидат доведени до совршенство.
Захариев напомена дека локалната самоуправа ја поддржува оваа иницијатива на МВР бидејќи резултатот на крајот ќе биде позитивен, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.