Отворен кариерен центар за млади со попреченост во ДСУ „Св. Наум Охриски“

Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ стана дел од 53-те училишта во земјата во кои се отворени кариерни центри за поддршка на учениците, во изборот на професија и транзицијата кон пазарот на трудот.

Заменик министерот образование и наука, Спиро Ристовски денеска беше во посета ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, кое го одбележува својот патрон празник, но и поради почетокот на активноста која се реализира преку Јес проектот со поддршка на УСАИД.

-Денеска сме овде за да го официјализираме функционирањето на еден од кариерните  центри кои ги псроведуваме преку овој проект со поддршка УСАИД а кои се однесува на директна поддршка на учениците во насока на нивно правилно насочување и кариерен развој понатаму во живото, појасни Ристовски.

Министерот подвлече дека е исклучително задоволен од реализацијата на проектот затоа што и на оваа категорија ученици им се овозможува поддршка во кариерниот развој.

-Со таквата директна поддршка се обезбедува вистинската инклузија на овие ученици, нивното вклучување во секојдневниот живот за што се и потврда изминативе неколку години при што околу 50 ученици од ова училиште веќе функционираат,работат и се целосно ангажирани во приватни фирми во Македонија со што се прикажува и потврдува правилноста на спроведувањето на овој проект, додаде Ристовски.

И во иднина ќе се продолжи со отворање на вакви кариерни центри низ Македонија и во редовните и во училишта за лица со посебни потреби.

deca3-640x360

-Лицата со попреченост имаат тенденција да бидат едни од најранливите групи во општеството. Во однос на помош на лицата со попреченост УСАИД имаме одлична соработка со Владата на Македонија  и особено сакам да му се заблагодарам на министерот Ристовски за неговата константна поддршка, изјави Мајкал Стивејдер, директор на канцеларијата за развој  на УСАИД во Македонија.

Денеска покрај празнувањето на патронот, дупла ни е радоста, бидејќи имаме донација од УСАИД за отворање на кариерен центар, изјави директорот на училиштето, Јордан Стојаноски.

ДСУ „Св. Наум Охридски“ 150 ученици, кои следат настава во 6 струки: угостителско-туристичка, авиомеханичарска, машинска, текстилна и градежна струка како и графика.

Инаку, Министерството за образование и наука со поддршка на проектот на УСАИД, од 2010 година напорно работи на воспоставување на одржлив систем за кариерно советување што ќе биде достапен за сите средношколци, вклучувајќи ги и младите со попреченост.

Во проектот се вклучени 4 училишта за ученици со посебни образовани потреби, во кои се работи по соодветни адаптирани програми.