Отворен конкурс за зелени бизнис идеи

Отворен конкурс за зелени бизнис идеи
Отворен конкурс за зелени бизнис идеи

Здружението  за  социјални  иновации „АРНО“ распишува конкурс за  зелени бизнис идеи  кои  промовираат  традиционална  изработка  на производи кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува  развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар со најразлични зелени бизнис идеи, а победниците добиваат по 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји. Сите детали за конкурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk.

Според координатор на проектот Ирина Јаневска, важно е идејата  да  има  општествено  корисна  компонента и  бизнис  логика, а идеите  се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата,  односно не и штетат.

На минатогодишниот натпревар победници беа и македонската кооператива „Наша добра земја“ кои имплементираа проект за поддршка на мали органски произведувачи.