петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 9

Отворен коридор кој ги поврзува Азија и Европа

koridor

Последни вести

Товарните возила од Русија, Кина и Монголија започнаа да сообраќаат по новиот транспортен коридор од Азија во Европа, соопшти руското Министерство за сообраќај, пренесува МИА.

– Првите девет камиони од Русија, Монголија и Кина денеска го отворија новиот транспортен коридор од Азија во Европа. Од градот Тјанцин преку монголската престолнина Улан Батор возилата пристигнуваат во Улан Уде, главниот град на Бурјатија, симболизирајќи го отворањето на товарниот транзитен сообраќај од Кина во Русија преку Монголија, се наведува во соопштението.

Од руското Министерство за сообраќај наведуваат дека функционирањето на транспортниот коридор, низ кој ќе поминат колона возила, ќе овозможи да се зголеми соработката со Москва, Пекинг и Улан Батор, како и дека ќе помогне во развојот на сообраќајната инфраструктура во трите држави, зголемување на производството, зголемување на инвестициите и продажбата, интензивирање на културните размени и заедничка координација во областите на заштитена природна средина.

Економскиот коридор е голема заедничка програма за развој на трите земји.

Најчитани вести