Отворен Меѓународниот саем за мебел во Скопје

 Над 400 домашни и странски изложувачи од денеска до 29  овој месец ќе ги претстават своите производи на 41. издание на Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2015. На 16.000 метри квадратни во 10 саемски хали ќе бидат претставени над 10.000 парчиња мебел.

Според организаторите, оваа манифестација е можност  да се види моменталниот светски тренд на мебел и дизајн. Она што е актуелно и модерно на европскиот пазар за мебел, ќе биде презентирано и пред посетителите кои деновиве ќе го посетат Скопски саем.

За изложувачите Скопски саем традиционално организира конкурс за најдобри експонати на саемот по различни категории во класа на производители и класа на трговци. Изборот го врши стручна комисија во која се вклучени и професори од Факултетот за дизајн и технологија за мебел, Архитектонски факултет, како и претставници на Асоцијацијата на архитекти, Министерство за економија и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија.

Организаторите очекуваат МЕБЕЛ 2015. да има околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетителите.

Саемот за посетители ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студенти Скопски саем овозможува попуст од 50 проценти.

saem