Отворен меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје опен 2016”

Над 300 натпреварувачи од 40 клубови од вкупно шест земји од регионот ќе се натпреваруваат на третиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2016” кој денеска започна во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје.

Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања.

– Особено ме радува фактот што на овој турнир учество ќе земат и голем број македонски натпреварувачи, што зборува дека овој спорт во нашата земја високо котира и е практикуван од многу млади луѓе низ целата држава. , истакна директорот Спасески.

tekvondo

Спасески како знак на благодарност од организаторите доби црн појас во Таеквондо.

Меѓународниот турнир во таеквондо “Скопје опен 2016” е во организација на Таеквондо клубот “Бутел” и Македонската таеквондо федерација.