Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“

Меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“ денес беше отворен во Спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ во Скопје.

На отварањето на турнирот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни работи Зоран Јолевски и Митко Чавков, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник  Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за внатрешни работи и други гости.

Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“
Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, пред учесниците го истакна значењето на организацијата на турнирот, преку кој, како што рече, ја продолжуваме борбеноста и им се заблагодаруваме на оние кои го дале својот живот за нашата татковина.

Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“
Отворен меморијалниот турнир во мал фудбал ,,Херои на Македонија“

Турнирот годинава се организира по петти пат, а покрај екипите на министерствата и Генералштабот на АРМ, учествуваат екипи од повеќе општини од Македонија, од каде има загинати бранители.

Турнирот е во организација на Министерствата за одбрана и внатрешни работи и Здружението ,,Херои на Македонија“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.