Отворен нов развоен центар на Искрател – 100 нови вработувања

Отворен нов развоен центар на Искрател – 100 нови вработувања
Отворен нов развоен центар на Искрател – 100 нови вработувања

Вицепремиерот Владимир Пешевски и Претседателот на Управниот одбор на групецијата Искрател, Жељко Пуљич, денеска свечено го отворија регионалниот развоен центар на ИТС Искрател Скопје.

За време на своето обраќање вицепремиерот истакна дека Република Македонија е позната како еден од најбрзо растечките пазари во информатичко-компјутерската технологија во овој дел од Европа. Тренд кој е резултат на јасната визија која ја зацрта Владата на Република Македонија уште од 2006-тата година.

Благодарение на политиките, мерките и многуте проекти кој се спроведуваа преку Министерството за информатичко општество и администрација, компјутерите и интернетот влегоа на голема врата во македонските семејства, македонското образование и севкупно во македонското општество.

„Изминатиот период се спроведоа многу кампањи за потикнување на младите да се образуваат во делот на информатичките науки. Секој ученик доби свој компјутер пред себе. Отворивме повеќе нови факултети, нови насоки и струки во делот на информатичките науки и доделивме голем број ваучери и степендии за да ги насочиме младите кон информатичките науки. Го отворивме новиот Универзитет за информатички науки и технологии во Охрид, како и мноштво други чекори преку кои низ годините се оформи силна ИТ заедницата во Република Македонија“, истакна Пешевски.

Претседателот на групацијата Искрател, Жељко Пуљич истакна дека оваа компанија подготви нова стратегија за развој до 2020 година, во која Република Македонија завзема особено важно место.

„Во нашите стратегии за развој Република Македонија завзема особено важно место. Ние сакаме нашата компанија да продолжи да се развива, но не сакаме заработеното само да го изнесеме од државата. Работиме во Македонија и сакаме со нашата работа да придонесеме ова општество да се развива и директно да допринесеме кон развојот на економијата на Република Македонија“ – истакна Пуљич.

Директорот на ИТС Искрател Скопје, Јанез Сајовиц истакна дека Искрател е веќе над 60 години присутна на македонскиот пазар и најави дека со отворањето на развојниот центар се создава можност за дополнително вработување на над 100 специјалисти кои ќе развиваат производи од информатичко – компјутерската технологија.

Вицепремиерот Пешевски исто така потенцираше дека развојот на информатичко – компјутерската технологија е иднината на Република Македонија и дека со отворање на развојниот центар се создават уште подобри  услови за унапредување на оваа индустриска гранка во земјата.

ИТС Искрател Скопје која моментало има над 50 вработени, со отварањето на регионалениот развоен центар, планира да вработи повеќе од 100 нови нови лица, односно млади и талентирани кадри од областа на телекомуникациските и информатичките технологии.