Свет

Отворен оган врз полицијата во Далас

Отворен оган врз полицијата во Далас

Половина час по полноќ бил отворен оган од оклопно комбе врз седиштето на полицијата во Далас.

Повеќе полициски возила и специјалци тргнале да го следат комбето во кое, според весникот „Далас морнинг њуз“, се наоѓа експлозив.

Засега нема информации за евентуални повредени во нападот.

– Властите во меѓувреме пронајдоа експлозив во една од четирите сомнителни торби, кои биле оставени во близина на полициската станица, изјави началникот на полицијата Дејвид Браун.

Полицијата верува дека би можело да има повеќе напаѓачи од различни локации.

– Можеби има околу четворица осомничени, нагласи Браун.

Тој додаде дека безбедносните мерки во полициските станици и Собранието во Далас се зајакнати.