четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 7

Отворен телефон за пријавување повреда на избирачко право

Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.

pravobranitel

Последни вести

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, којашто ќе функционира од 8 до 16 часот.

Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.

– По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или  снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Најчитани вести