Македонија

Отворен Ургентен центар во ГОБ „8-ми септември“

Отворен Ургентен центар во ГОБ „8-ми септември“

 Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска свечено беше отворен Ургентен центар, кој со својот капацитет ќе овозможи навремена здравствена заштита за жителите на Градот Скопје и околните населени места, за разлика од претходно кога за ваквите случаи функционираше само дежурната служба.

Новиот Ургентен центар е на простор со вкупна површина од речиси 900 метри квадратни, кои опфаќаат три приемни амбуланти, машинска сала, електро соба, како и 4 болнички соби за дневна болница, ладна соба со 9 кревети и гипс сала. Изведен е и комплетно нов систем за климатизација и вентилација, кој целосно соодветствува на светските стандарди за енергетска ефикасност.

Направени се две нови операциони сали, како и сала за реанимација, со средства во износ од 480 илјади долари, донирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Министерот за здравство Никола Тодоров, упати благодарност до американската амбасада за изразената цврста поддршка во насока на унапредување на квалитетот на здравствените услуги во нашата држава и додаде дека овој Ургентен центар е приспособен во целост да одговори на потребите на пациентите, со цел подобрување на нивната здравствена состојба.

25003333333

-Сакам да потенцирам дека за Ургентниот центар е обезбедена опрема со средства од Министерството за здравство, а дел и со сопствени средства на оваа јавна здравствена установа. Опремата која е наменета за операционите сали во рамки на Ургентниот центар, опфаќа 3 машини за анестезија со мониторинг, во вредност од 340 илјади евра, 6 анестезиолошки сетови, 5 ларингоскопски сетови во вредност од 47 илјади евра, кои во наредниве денови ќе бидат испорачани и ставени во функција. Покрај тоа, обезбеден е и HD ендоскопски столб со софтвер за детекција на степенот на оштетување на рскавицата и артроскопски инструменти за ортопедска хирургија, во вкупна вредност од 220 илјади евра (кои дополнително ќе бидат испорачани), како и повеќе машини за миење инструменти, и сервант за аудиолошката амбуланта, кој е во вредност од 100 илјади евра, односно целокупната опрема која ја обезбедуваме за Ургентниот центар чини преку 800 илјади евра, истакна министерот Никола Тодоров.

Министерството за здравство во изминатиот период од неколку години, во континуитет инвестира во подобрување на инфраструктурата на ГОБ „8 Септември”, зајакнување на целокупните капацитети на оваа установа, а со тоа и унапредување на квалитетот на здравствените услуги.

35000777777

-За потсетување, извршена е целосна реконструкција во вкупна вредност од над 1 милион евра, која опфати реновирање на стационарот, замена на старите лифтови, како и комплетно реновирање на сите одделенија. Континуирано работиме на зајакнување на човечките ресурси во јавните здравствени установи, па во таа насока, со објавените огласи за преминување на доктори-специјалисти од приватните во јавните здравствени установи, ГОБ „8 Септември” е кадровски зајакната со повеќе од 20 специјалисти од областа на радиологија, интерна медицина, оториноларингологија, психијатрија и други. Со последниот оглас кој беше објавен минатиот месец, во оваа установа од приватното здравство ќе преминат 5 нови специјалисти, и тоа 3 специјалисти од областа на интерна медицина, 1 од областа на физикална и рехабилитациона медицина и 1 специјалист невролог, додаде Тодоров.

500066666

Во рамки на континуираното вложување во нова медицинска опрема за оваа ЈЗУ, до крајот на годинава ќе биде обезбеден и нов ангиограф, со кој значително ќе се унапреди интервентната кардиологија во рамки на оваа установа.

-На ваков начин, со зајакнување на инфраструктурните капацитети, како што е отворањето на овој нов Ургентен центар, како и со зајакнување на човечките ресурси и опремата во јавните здравствени установи, овозможуваме унапредување на квалитетот на здравствените услуги и што е најважно, зголемување на задоволството на пациентите, рече ресорниот министер.