Отворен ЗОО парк во Штип

Голем број на граѓани, вклучително и деца, денеска присуствуваа на отворањето на ЗОО паркот „Бриони“ во Општина Штип.

Станува збор за проект на ЈП „Исар“ и локалната самоуправа, со што се отвори можност Штип да добие зоолошка градина, а запустениот дел од месноста Суитлак да биде урбанизиран и претворен во корисна површина.Изминатите месеци, вработените во ЈП „Исар“ упорно работеа за да ја трансформираат локацијата во убав ЗОО парк согласно сите стандарди.

– Паркот има површина од 5.000 м/2 и морам да им честитам прво на врбаотнеите што за кратко време успеаја да го направат ова. Не беше лесно, но од друга страна сосема сум сигурен дека ова место и сега, а посебно на пролет и лето ќе биде едно од најпосетуваните. Засега имаме диви кози, пони, дива свиња, срна, пауни, гуски, и други птици, но полека ќе се збогатува ЗОО паркот. Нема да форсираме, и ќе одиме постепено, полека за да ја заокружиме целината со нови животни. Голема благодарност до штипските бизнисмени кои го поддржаа формирањето на ЗОО паркот и овозможија да се донесат животни – изјави Ангел Бојаџиев, в.д. директот на ЈП „Исар“.

zoo1

Според Бојаџиев, паркот до нова година ќе работи без наплата на влезници, а по нова година ќе се одлучи дали ќе се продолжи така или не.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев е задоволен од она што го виде. Според него, Штип со своето знаење и големина заслужува да има ЗОО парк:

zoo2

– Ако поголемите градови се гордеат со тоа што имаат зоолошки градини, не гледам причина зошто меѓу нив да не биде и Штип. Овој проект е одличен и ги охрабрувам вработените во ЈП „Исар“ да продолжат и понатаму да го средуваат паркот, да има нови животни. Гледам дека децата денес беа пресреќни. Заедно со нивните родители, со бабите и дедовците добија одлично можност каде можат да се прошетат но и да уживаат, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Ова е само еден сегмент од сето она што го правиме во штип, со цел тој да си го добие вистинското значење и место во Македонија.

zoo3

На отворањето на ЗОО паркот најсреќни беа најмалите. Некои од нив не виделе дури и кокошка и петел, а најпосетувана беше малата срна и малото пони. Местото е отворено а временските прилики се одлични за прошетка и за посета на новиот ЗОО парк „Бриони“ во Штип.