Македонија

Отворена градинка во Оризари, Битола

Отворена градинка во Оризари, Битола

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески присуствуваа на отворање на градинка во други просторни услови во с.Долно Оризари, Битола.

Во изјава за медиумите тој изрази задоволство што жителите од ова населено место за првпат ќе имаат можност да ги згрижат своите деца во детска градинка. Спасов нагласи дека министерството за труд и социјална политика и во иднина има за цел да отвори што поголем на градинки, за да се зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст во системот на згрижување и воспитување.

Министерот Спасов посочи дека продолжува соработката со општина Битола во изнаоѓање на нови простории наменети за детски градинки, со кој ќе се задоволуваат потребите на граѓаните од овој крај,

Градинката во други просторни услови од Долно Оризари, ќе функционира во рамки на ЈОУДГ “Естреја Овадија Мара” Битола каде ќе биде згрижена една комбинирана група. Истата располага за современа опрема и ги исполнува пропишаните стандарди.