Македонија

Отворена изложба на млади уметници во Мала станица

Отворена изложба на млади уметници во Мала станица

Во НУ Национална галерија на Македонија – Мултимедијален центар „Мала Станица” отворена е изложбата „Young Art 2015“

Претставени се дела на млади уметници кои се натпреваруваа во пет дисциплини: сликарство, графика, скулптура, фотографија и графички дизајн. 
Изложбата трае до утре, а има продажен карактер. 

– Кон крајот на 2014 година почнавме со реализација на проектот за откривање на уметничките потенцијали кај младите луѓе, симболично наречен “YOUNG ART”. Кампањата ja започнавме со објавување конкурс на кој пристигнаа голем број уметнички авторски дела со што младите уште еднаш ја потврдија својата креативност и потенцијал во уметничкото творештво. Ги наградивме најдобрите со симболична награда од 40.000 денари, но најголемата награда за сите нив е оваа изложба”, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој ја отвори изложбата.