Магазин

Отворена изложба на осум македонски уметници во Софија

Отворена изложба на осум македонски уметници во Софија

Синоќа во КИЦ на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата на осумина македонски уметници, поранешни студенти на Националната ликовна Академија во Софија.

Ликовните уметници Иво Пецов, Зоран Мише, Павел Целкоски, Марјан Ѕин, Адриана Јованоска, Горан Тричкоски, Иван Стоименов и Зоран Георгиев, обединети во концептот “Конекција 2”, се претставија со свои најнови дела од областа на графиката, скулптурата, сликарството, уметничката обработка на метал.

Галерискиот простор на Македонскиот културен Центар во Софија беше претесен да ги прими стотиците љубители на уметноста на младите македонски ликовни уметници, кои својот најнов ликовен опус го презентираат и во бројни познати ликовни галерии низ Софија и Бугарија.

Info Kon2.

info Kon2

info Konekcija

Концепцијата “Конекција” е плод на соработката на КИЦ на Р. Македонија во Софија и македонските студенти кои дипломираа или завршуваа пост-дипломски и докторски студии на Националната ликовна Академија во Софија.

Првиот заеднички проект беше реализиран во јули 2012 г, минатата година заеднички беа остварени две изложби во Благоевград и Велико Трново, а годинава освен изложбата во Софија, оваа изложба ќе биде претставена во градовите Русе, Пловдив, Созопол и Харманли.

za Info

Za info3

Info

Infoo

Konekcija2