Отворена канцеларијата на Gamut Global Operations- компанија која развива бизнис софтвер

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска присуствуваше на отворањето на канцеларијата на австралиската Gamut Global Operations, компанија која ќе развива бизнис софтвер активности во Македонија.

Своето претставништво во Македонија го формира во февруари 2014 година, со цел  да ги  пренесе главните компоненти во развојот  на софтвер активностите.

„Идејата  да дојдеме во Македонија се должи на позитивнита инвестициска клима, конкурентната цена и пристапот до квалитетен кадар кој  ги исполнува условите кои ни беа потребни. Исто така, посветени сме во  обезбедувањето  на македонски персонал со пристап до најновата опрема, алатки и процеси, со цел  да се  придонесе во  подобрување на вештините и овозможување продуктивен капацитет“, рече претставникот на компанијата Џон Бургес.

Gamut Global Operations планира да прерасне во голема македонска компанија, со идеја да префрли дел од операциите од Австралија во Македонија.

Министерот Ивановски му се заблагодари на Бургес за одлуката да отвори претставништво во Македонија и оцени дека тоа претставува вистинска можност за развој на компанијата.

„Македонија поседува квалитетен кадар и човечки ресурси кои со своите способности активно ќе можат да се вклучат во работата на компанијата. Посебно е значајно тоа што во наредниот период планира и зголемување на бројот на работните места“, рече министерот Ивановски.

Компанијата развива бизнис софтвер уште од  1984 година, a нејзините производи ги продава во Австралија и Северна Америка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.