Отворена канцеларијата на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес присуствуваше на отворањето на новите канцеларии на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија. Главниот менаџер на 6ПМ групацијата, Иван Бартоло, ги претстави плановите и насоките на работа на канцеларијата во Скопје, изразувајќи притоа задоволство од позитивната клима која владее во македонското општество за развој на бизнисите.

Арсовска Томовска им посака успех на менаџерскиот тим и на вработените во канцеларијата во Скопје и им порача дека институциите на системот секогаш ќе бидат подготвени да им излезат во пресрет на нивните потреби и барања за успешен развој на нивната инвестиција.

Инаку, станува збор за компанија од Малта, која има отворено канцеларии и во Канада, Ирска и Велика Британија и се занимава со софтверски решенија од областа на здравството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.