Отворена книга на жалост за жртвите од катастрофалното невреме

Во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), денеска ќе биде отворена книга на жалост за загинатите од катастрофалното невреме што го зафати Скопје.

Сите граѓани коишто сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа денеска  до 21 часот, информираат од Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.