Отворена книга на жалост за жртвите од терористичкиот напад во Ница

Во Амбасадата на Република Франција во Скопје од денеска до среда ќе биде отворена книга на жалост за загинатите во терористичкиот напад во Ница.

Како што најави во петокот амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер, сите кои сакаат да се запишат во книгата на жалост тоа ќе можат да го направат во периодот од 10 до 13 часот.

Во терористичкиот напад во Ница, кој на Денот на Бастиља го изврши Мохамед Булел, 31-годишен француско-туниски државјанин, загинаа 84 лица, а над 200 се повредени. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Во Франција е прогласена тридневна жалост за жртвите во нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.