Отворена Македонска амбасада во Токио

Отворена Македонска амбасада во Токио
Отворена Македонска амбасада во Токио

Со свечена церемонија вчера во Токио, Јапонија,министерот за надворешни работи Никола Попоски, заедно со македонскиот амбасадор Андријана Цветковиќ и парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија Мики Јамада, ја отворија Амбасадата на Република Македонија.

Во своето обраќање пред присутните, како што соопшти денеска МНР, Попоски истакнал дека отворањето на амбасадата е историски момент во македонско-јапонските односи, а претставува логичен чекор по 21 година успешни билатерални односи меѓу двете држави.

– Луѓето во Македонија нема никогаш да ги заборават моментите на помош од Јапонија кога најмногу ни била потребна, како што е трагичниот земјотрес во 1963 година во Скопје. Јапонија е држава која ни пружа и финансиска и техничка помош години наназад. Таков пример е и последната донација за нашата држава за справување со мигрантскиот наплив со кој се соочуваме, истакнал Попоски.

Шефот на македонската дипломатија ја нагласил важноста на ликот и делото на Кензо Танге во реконструирањето на руинираниот главен град по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во таа чест, тој и врачил посебен подарок на