Отворена Македонска амбасада во Токио

ќерката на Кензо Танге, Мичико Учида. Покрај тоа, министерот им врачил благодарници за особен придонес во негувањето на билатералните односи на генералниот почесен конзул на Република Македонија во Јапонија, Масатаке Мацуда, поранешниот генерален почесен конзул на Република Македонија во Јапонија, Кијоши Мизуно, како и на претседателот на асоцијацијата за македонско-јапонско пријателство, Фумио Фуруја.

На церемонијата присуствувале стотина гости, претставници на дипломатскиот кор во Јапонија, како и претставници на бизнис заедницата.

Пред присутните, се обратила и амбасадорката Цветковиќ која го потенцирала напредокот во македонско-јапонските односи од почетокот на нејзиниот мандат.

– Амбасадата на Република Македонија за една година успеа да привлече и стекне голем број пријатели и со тоа ја приближи Македонија до Јапонија. Досега, половина од мостот е изграден. Во иднина очекуваме отворање на јапонска амбасада во Македонија, со цел доградба на мостот кон нашето пријателство што се гради веќе 21 година, истакнала  Цветковиќ.

На церемонијата се одржала и презентација на