Отворена Македонска амбасада во Токио

историјатот на македонско-јапонските билатерални односи преку кратко видео од дел од изминатите средби реализирани на високи нивоа во двете држави. Биле прикажани и македонските природни убавини и вкусната храна, како и дел од македонските традиционални народни песни. Музичката програма била збогатена и со изведба на македонски песни од страна на оперскиот пејач Казухиро Котецу.

Амбасадата на Република Македонија во Токио е официјално отворена во мај 2013 година, а првиот резидентен амбасадор во Јапонија, д-р Андријана Цветковиќ ги предаде акредитивните писма на јапонскиот император Акихито во декември 2014 година. Република Македонија и Јапонија воспоставија дипломатски односи во март 1994 година.