ТОП,Македонија

Отворена нова детска градинка во Радишани за 120 деца

Отворена нова детска градинка во Радишани за 120 деца

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денес ја пуштија во употреба новата детска градинка во населбата Радишани која ќе има капацитет за згржување на околу 120 деца.

Ова е седма градинка по ред што ја отвораме оваа година, а вкупно 50-та градинка која што ја отвораме од 2009-тата па наваму. Станува збор за нов објект кој што отвори нов капацитет за 120 дечиња. Со тоа целосно го решаваме проблем от на родителите од ова населено место и пошироко и ја намалуваме целосно листата на чекање, односно од утре па натаму сите деца кои што беа на листа на чекање ќе бидат згрижени во новата детска градинка. Оваа инвестиција е во износ од околу 11 милиони денари, општината ги презеде активностите за изградба на овој нов објект, додека пак Министерството за труд и социјална политика учествуваше во целосно опремување на новоизградениот објект. И понатаму продолжуваме со низа инвестиции во отворање на нови детски  градинки, со особен фокус на градот Скопје, рече министерот Спасов.

DSC_0748

Инаку се очекува оваа година да бидат надминати плановите за отворање на 10 градинки и, покрај досегашните 7 да се отворат уште 8 детски градинки, односно, вкупно 15 од кои што, како што рече министерот, повеќето од половина ќе бидат во градот Скопје.

DSC_0726

 Убаво е кога ќе се застане пред граѓаните и ќе се ветува, меѓутоа задоволството што денеска  како градоначалник го чувствувам е уште поголемо, затоа што едно од ветувањата се исполнува, изградбата на градинката која што денеска ја предаваме во употреба. Грижата за младите вака се покажува на дело, а не со празни зборови и ветувања, рече градоначалникот Латиновски.

DSC_0761

Тој најави и дека наскоро ќе биде пуштен во употреба целосно реконструираниот објект на детската  градинка во населбата Бутел 2 која ќе има капацитет за над 100 дечиња, а како што рече наскоро ќе почне да се гради и нов капацитет за згрижување дечиња во населеното место Живко Брајковски.