Отворена „Пеј пал“ сметка за помош на Србија

Владата на Србија денеска соопштила дека од 18 мај хуманитарната помош за жртвите во поплавите може да се уплаќа преку „Пеј пал“ сметка од 193 земја и регионот.

Сметката припаѓа на дипломатското претставништво на Србија во Брисел и оттаму парите директно се префрлаат на сметка на Владата на Србија, наменети за помош на загроените од поплавите, се наведува во соопштението.

Хуманитарната помош, преку „Пеј пал“ сервисот, може да се уплати на адресата floodrelief.gov.rs.