Спорт

Отворена покана од Тоти за Дрогба

Отворена покана од Тоти за Дрогба

Легендарниот капитен на италијанскиот калчолигаш Рома, Франческо Тоти испрати јасна порака до најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, Дидиер Дрогба, дека нема да нарави грешка, доколку за време на летниот преоден рок се пресели на „Олимпико”.

„Имаме потреба од три засилувања. Едно за дефанзивната линија, едно за средниот ред и едно за во нападот. Дали е можно Дрогба да биде едно од тие засилувања? Можно е да дојде во Рим, можно е да се пресели на ’Олимпико’. Дрогба не е толку стар. Трофеите ќе бидат реалност со еден таков фудбалер. Сепак, јас го немам последниот збор кога е во прашање трансфер политиката на Рома. Јас сум само убеден дека Рома може да освои некој трофеј со три квалитетни засилувања”, изјави “принцот” од Рим.