Отворена првата меѓународна конференција на Зелена Агенда

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми и амбасадорот на САД, Пол Волерс во свечениот амфитаеатар на Универзитетот на Југоисточна Европа утрово ја отворија „Првата меѓународна конференција на Зелена агенда за локални стратегии за климатски промени“. Конференцијата трае два дена и ќе заврши утре, 31 мај.

IMG_0271

Оваа меѓународна конференција е прва од ваков вид во нашата земја, а е дел проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.

Целта на конференцијата на која присуствуаат околу седумдесет учесници од десет земји од регионот е да ги обедини локалните и националните власти, граѓанските организации, научните институции како и меѓународните организации во активностите за климатските промени.

Општините Пехчево, Богданци, Теарце и Кривогаштани се првите општини во Македонија кои подготвија локални стратегии за климатските промени во рамки на овој проект .

Свое обраќање на отворањето имаше и извршниот директор на организаторите и директорот на овој проект на УСАИД.
Тој на кратко ги претстави  предностите и целите на проектот како и методот на Зелена Агенда кој се спроведува во повеќе земји во Европа.

Методот на Зелена Агенда е партиципативен метод и претпоставува дека процесот и резултатите потекнуваат и се сопственост на локалното население.