Отворена првата онлајн аптека во Македонија

Почна со работа првата онлајн аптека во Македонија, од која граѓаните ќе може да порачуваат лекови преку интернет и да ги добиваат на домашна адреса.

Приватната здравствена установа – Аптека „ЕДЕА Фармација“ е првата која има онлајн аптека и нуди брза и бесплатна достава на повеќе од 2.000 производи, вклучувајќи ги и лековите на рецепт.

Со нарачката на лекови од „ЕДЕА Фармација“ преку интернет, сигурноста и дискрецијата се загарантирани, а граѓаните ќе може да го имаат нарачаниот производ за не подолго од 30 минути, на домашна адреса.

ЕДЕА Фармација“ е современа аптека основана за да помогне брзо и едноставно да се најде вистинското решение за добро здравје и убавина.

– Нашата мисија е да бидеме поблиску до вас и одговорно да се грижиме за вашето и здравјето на вашите најмили. Тимот од фармацевти кој работи кај нас е подготвен да обезбеди квалитетна и професионална услуга, да советува и да овозможи да живеете поздраво – велат од „ЕДЕА Фармација“.

Работното време на онлајн аптеката е преку целиот ден, од 8 до 22 часот од понеделник до петок, и во сабота од 9 до 16 часот и 30 минути.
Понудата на аптеката, заедно со детали за производите, граѓаните може да ги видат на веб-страната www.edea.mk. Преку неа може и да се направат нарачките.