Отворена Штипска пастрамајлијада

Со говор на градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, во 19 часот беше отворена седмата по ред „Штипска пастрмалијада 2014“. Неколку стотина граѓани беа присутни на чинот на отворањето по што следеше музика и вовед во настанот на вечерта, македонската пејачка Елена Ристеска пренесува „1.мк“. Евидентно беше доброто расположение на штипјани, но и голем број на луѓе од соседните градови кои ги пробуваа пастрмалиите на крстосницата „Дујле. Се шетаат, разгледуваа, и секако позитивно коментираа на уредената локација:

– Ова е вечерва, и во следните два дена центарот на Македонија. Како штипјани треба да сме горди што имаме еден ваков гурмански специјалитет, кој е бренд на градот но и на Македонија. Самите граѓани заслужуваат вакво нешпто и ве повикувам да бидеме добри домаќини и уште еднаш да се дружиме и уживаме во овие посебни настани за Штип – изјави градоначалникот Захариев.

Маја Вукичевиќ и Елена Ристеска се дел од спектаклот во четврток а веќе утре и во сабота посетителите ќе ги видат Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ. Се очекува драстично зголемување на посетата во текот на следните два дена, со оглед на претстојниот викенд и атрактивните изведувачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.