Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира Отворени денови на оваа институција за граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор во Кавадарци и Струмица.

На отворените денови најавено е присуство на директорот на оваа институција Зоран Поповски.

На средбите, граѓаните и компаниите ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.