Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп

Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на отворените денови денеска ќе организира средба со граѓани и претставници на компании од земјоделско-прехранбениот сектор, која ќе се одржи во салата за состаноци на Општина Прилеп, од 12:30 до 14 часот.

Тие ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивни интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, и да побараат стручна помош.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски  ќе ја посети кланицата „Гудесмит” во прилепското село Мажучиште, за да се запознае со состојбата со извозот на јагнешко месо на странските пазари.