Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство

Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство за граѓаните и компаниите ќе започнат од Неготино и Демир Капија.

Граѓаните и операторите од земјоделско-прехранбениот сектор овој месец ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата, како и да побараат стручна помош.

На првиот Отворен ден во Неготино ќе присуствуваат и директорот на АХВ Зоран Поповски, како и претставници од секторите и одделенијата на Агенцијата. Промовиран ќе биде и Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.