Отворени денови на АХВ во Богданци, Валандово и Радовиш

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира отворени денови во Богданци, Валандово и Радовиш. Граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Пред претставници на Агенцијата ќе може да се дадат предлози, да се побара стручна помош и да се добијат информации за прашања  во доменот на работата на оваа институција.

Агенцијата за храна и ветеринарство од вчера организира отворени денови за граѓаните и компаниите, на кои го претставува и Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ што го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.