Македонија

Отворени денови на АХВ во Велес и Свети Николе

Отворени денови на АХВ во Велес и Свети Николе

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Велес и Свети Николе организира Oтворени денови за граѓаните и компаниите.

Со граѓаните и претставниците на земјоделско-прехранбениот сектор ќе се сретнат директорот на АХВ Зоран Поповски и претставници на други сектори и одделенија на Агенцијата.

На средбите, граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор ќе имаат можност да се запознаат со работата на Агенцијата, да дадат предлози, да се информираат за прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на Агенцијата и да побараат стручна помош.

Во рамки на Отворените денови, што ќе се одржат во повеќе градови, ќе биде промовиран Водичот за новините во означувањето на храната во ЕУ, кој го подготви АХВ за компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.