Македонија

Отворени денови на АВРМ во Валандово и во Радовиш

Отворени денови на АВРМ во Валандово и во Радовиш

Отворени денови со Агенцијата за вработување денеска ќе бидат организирани во Валандово и во Радовиш.

Целта на овие Отворени денови е подобро информирање на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи за прашања поврзани со дејноста на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На двата настани е најавено присуството на директорот на Агенцијата Влатко Поповски.

Утре Отворени денови Агенцијата за вработување организира во Штип, а на 20 март во Охрид.