Отворени денови на државното станбено претпријатие во Демир Капија

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката денеска организира Отворен ден со граѓаните во Демир Капија.

Граѓаните на средбите може да се информираат за сите прашања кој што ги имаат по однос откуп на општествени станови согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за домување, откуп на становите по проектот FP1340 и за сите проблеми со кои се соочуваат, а се поврзани со работењето на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката.

На средбите ќе присуствува генералниот директор на Акционерското друштво Цветко Грозданов.