сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 19

Отворени денови на ЕВН Македонија: Разумно и безбедно користење на електричната енергија

Почна реализацијата на „Отворените денови за едукација за енергетска ефиксаност“ кои се дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија.

IMG_6990

Последни вести

Почна реализацијата на „Отворените денови за едукација за енергетска ефиксаност“ кои се дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија.

Во 12 основни училишта од земјава каде што се формирани енергетски клубови, околу 300 ученици пред наставниците, родителите, претставницитена локалната самоуправа ќе презентираат што научиле и изработиле во текот на целата учебна година.

IMG_6973

Подигнување на свеста за енергетска ефикасностпреку континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија е целта на Училишниот проект кој веќе 9 години го организира ЕВН Македонија. Во текот на оваа недела се одржуваа оторени денови во 12 различни училишта ширум Републиката, рече портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски. Отворените денови се дел од локалните кампањи кои децата ги организираат за едукација на нивните родители, соученици и соседи за значењето на енергетската ефикасност. Сите учесници во Училишниот проект со жар го очекуваат и веќе се подготвуваат за националниот квиз за енергетика, што ќе се одржи во Струга на 26 мај, додаде Ковачевски.

Преку современи методи за едукација,досега над 37.000 ученици во основните училишта од четврто до шестто одделение го зголемија знаењето за потеклото на електричната енергија, начините за заштеда, како и за безбедносните мерки при нејзиното користење. Децата исто така имаа можност, преку спроведување на локални промотивни кампањи да научат како стекнатото знаење да го пренесат на своите родители, соученици и целата локална заедница.

IMG_6983

Училишниот проект на ЕВН Македонија е носител на награда за општествена одговорност и е уникатен пример за соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор. Партнери во спроведувањето на проектот на ЕВН Македонија се граѓанските организации: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.

Најчитани вести