Македонија

Отворени денови на ФЗОМ во Гостивар

Отворени денови на ФЗОМ во Гостивар

Во рамките на проектот „Отворени денови со граѓаните“, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани ја посетија подрачната служба на Фондот во Гостивар и остварија директна средба со граѓаните.

Граѓаните на Гостивар покажаа голем интерес за средбата, на која Стефаноски ги информираше  дека вратите на ФЗОМ се отворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежност на ФЗОМ. Целта е во континуитет да се зголемува нивото на информираност на нашите осигуреници, со што тие ќе можат активно да ги остваруваат сите права од здравственото осгурување. Едуцирани осигуреници се оние кои може да бидат активни партиципиенти во процесот на креирање политики за поефикасен Фонд, што ќе резултира со задоволни осигуреници. На отворената средба осигурениците покажаа најголем интерес за новините на Фондот, како што се: новините за остварување право на породилно отсуство, начинот на поедноставената процедурата за пререгистрација на невработените лица, како новите пензионери кои не го добиле решението за пензија може да се лекуваат на товар на Фондот, дали се наплаќаат лекарските потврди за во градинка, училиште итн.

fzom1

Директорот Рамадани истакна дека целта на отворените денови е на сите осигуреници да им се овозможи директно да учествуваат во креирањето и реализацијата на здравствените политики, придонесувајќи, на тој начин, за подобрувањето на состојбите во здравствениот систем.

Граѓаните  го изразија своето задоволство од поголемата ефикасност на службите на Фондот, побрзото решавање на предметите  за рефундации и на пократките рокови за сервисирање на надоместоците за породилно отсуство и за боледување, како и можноста многу од услугите да се добиваат електронски.

Директорите на ФЗОМ ја посетија и новоотворената аптекарска станица во село Чајле, со која им се овозможи на граѓаните во најблиските населени места на село Чајле да имаат можност за лесна достапност на лековите што се на товар на ФЗОМ.