Македонија

Отворени денови на Катастар во Тетово

Отворени денови на Катастар во Тетово

Во рамки на „Отворените денови на катастарот“ денеска во одделението за катастар на недвижности во Тетово 27 граѓани побарале услуга од вработените, јавува МИА.

Во тетовското одделение, според директорот на катастарот на недвижности Славчо Трпевски, во текот на минатата година биле решени сите 61 илјада предмети што биле примени од граѓаните. Тој посочи дека освен тековните работи во Тетово успешно се спроведува и дигитализацијата на катастраот што е завршена за околу 50 отсто додека 20 отсто е во редовна употреба.

– Главна активнот на тетовското одделение во последниот период е легализацијата на дивите градби. Од околу 7.900 вакви барања околу 2.800 се запишани во катастарот. Според податоците од 9-те приватни геодетски фирми кај нив биле изработени околу 4.000 елаборати што значи дека околу 3.000 граѓани не дошле кај нив да им се изработи ваков геодетски елаборат иако крајниот рок за поднесување на документацијата е декември 2015 година. Бидејќи за негова изработка треба подолго време од геодетски фирми има најави дека тие ќе ги примаат барањата од граѓаните до јуни годинава за да можат успешно да одговорат на нив, појасни Трпевски.

Од околу 360 илјади барања за легализација на бесправно изградени објекти во Македонија, посочи тој, досега се одобрени околу 116 илјади, а според податоците од околу 149 геодетски фирми изготвени се елаборати за околу 200 илјади и тоа за периодот 2011 – 2015 година.

– Тоа значи дека остануваат само околу десет месеци за останатите околу 160 илајди граѓани да направат геодетски елаборат што е навистина огромна работа и тоа само доколку се отпочне навреме, изјави Трпевски.

Проектот отворени денови во катастарот на недвижности продолжува утре во оддлението во Гостивар.