Отворени денови на катастарот во Драчево

Агенцијата за катастар на недвижности по барање на граѓанте од Драчево организиран отворени денови во населбата Драчево.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања или сакаат да се информираат за нивната имотна состојба можат да дојдат во Месната заедница во населба Драчево на 27.03.2015 (петок) од 09:00 до 17:00 часот.

Во просториите на Месната заедница Драчево ќе бидат сместени десет стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности кои ќе имаат за цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти.

Сите заитересирани граѓани од Драчево може да закажат на следниве телефонски броеви

02/3097-337 и 02/3097-300

Исто така агенцијата за катастар на недвижности продолжува со агендата и низ внатрешноста на Република Македонија распоредот на отворените денови за оваа недела е следен:

25.03.2015 (среда) Одделение за катастар на недвижности Куманово, Одделение за катастар на недвижности Крива Паланка

26.03.2015 (четворток) Одделенеие за катастар на недвижности Струга
Одделение за катастар на недвижности Охрид

27.03.2015 (Петок) Одделение за катастар на недвижности Кочани