Ќе се собира помош за поплавените во основните училишта во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги отвори сите основни училишта на своја територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја.

За хуманитарна помош се отворени и месните заедници низ општината, од 6:30 до 22 часот. Граѓаните во близина на својот дом, можат да достават помош за настраданите. Во моментов најпотребни се вода во шишиња, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства.