вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 54

Почнуваат отворените трибини за проектот „На Македонија ѝ треба твојата идеја“

idei-bitola

Поврзани вести

Отворена трибина со граѓани во рамките на кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја“ утре ќе се одржи во Прилеп во Домот на култура „Марко Цепенков“. Граѓаните ќе имаат можност да земат активно учество со свои прашања и предлози до тимот од владини претставници и директори на јавни и државни претпријатија предводени од Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Димески во изјава за медиумите посочи дека досега во Прилеп од прилепчани се собрани повеќе од стотина идеи и предлози кои што се однесуваат на нивниот град, а дел се однесуваат на проекти или идеи за развојот на државата.

Интензивно продолжува кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја“. Интересот е многу голем затоа што граѓаните веруваат во реализација на проектите ветени од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат од искуство од минатите години, дека тоа што го ветуваме и ставаме во програма истото и го реализираме, рече Димески.

Најчитани вести