Отворено обраќање од внукот на Лазар Личеноски до Фрчкоски

Двајцата сме по потекло Мијаци од Галичник. Ти си од едно од познатите и прочуените творечки семејства од периодот на македонската преродба. Преродбата беше време на национално будење на македонскиот народ. Следејќи те како настапуваш, изгледа дека тоа будење кај тебе се уште не допрело. Презимето на твоето семејство потекнува од грчкиот збор „фрча“, што на македонски значи „четка“. Фрчата (четката) била главната алатка со која твоите предци ги создавале фреските и иконите, ремек-дела на православната црковна уметност и на нејзините верници. Тие биле копаничари (резбари), зографи и градители. Ја пренесувале славата на македонскиот гениј со делата кои тие ги создавале, оставиле белези за постоење на македонскиот народ. А ти Фрчко, фрчата им ја пикна во рацете на „обоените“ да ги бојадисуваат спомениците кои ја одбележуваат и слават нашата национална историја.

Ти Фрчко, со фрчата сакаш да ја бојадисаш и избришиш меморијата за постоењето на мкедонскиот патриотски народ.

А мојот вујко Лазар Личеноски, (брат на мојата мајка Стојана) е сликар, основоположник на современата македонска ликовна уметност. Тој како и твоите предци ја наслика битноста на Македонија и нејзинит народ.

Ти Фрчко, со твојата фрча и твоите залагања ја уништуваш  унитарноста на македонската држава.  Со тоа го направи најголемото предавство и срам за твоите предци, и сите генерации патриоти на македонскиот род. Деновиве чувме од твоите ментори во земјава дека македонската нација пред сто години во ниеден попис не била регистрирана и со тоа не постоела. Твоето премолчување и нереагирање за оваа дрска изјава и изјавите на надворешните гробари на македонскиот бит, ти не се огради и тоа не ти пречи, изгледа ти е поважна некоја материјалната добит што евентуално можеш да ја имаш отколку да ја штитиш, нацијата, јазикот и унитарноста на државата.

Фрчко, зарем  треба да те потсетам дека твојот ментор со кого имате ѓаволски договор со истомислениците на Заев, со азбука се здобил пред сто години, а твојот род е описменет со кирилицата пред десет векови.

Fotografija-Dragan-200x200
Драган Бошнакоски

За да излезеш од бунилото во кое си западнал и да се освестиш, ти препорачувам да го посетиш Музејот на Ѓорѓија Пулески во Галичник, кој се наоѓа педесетина метри од твојата куќа. Ѓоргија е галичанец, кој нема докторат како тебе, а е самоук, прочитај што напишал за македонскиот јазик, македонската нација и државност. Да го посетиш Музејот на Илинден во Крушево за да разбереш за што се бореле илинденците. Ти препорачувам да ги прочиташ документите усвоени на Првото заседание на АСНОМ, документи кои лично ги потпишал Методие Андонов –Ченто, веројатно ќе осознаеш за срамот и предавството што му го нанесуваш на македонскиот народ и на твоето потомство.

Од внукот на Лазар Личеноски, Драган Бошнакоски

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.