Колумни

Отворено писмо до Зоран Трајчевски – Причини зошто треба да бидеш сменет

Отворено писмо до Зоран Трајчевски – Причини зошто треба да бидеш сменет

Почитуван поранешен, ептен пријателе ( ти така сакаше),

Кога се менува состав на актуелен регулатор мора да се случуваат суштински промени во законот. Така што во 2005 година најсуштунска работа беше дека Радиодифузерите ќе преминат од Концесиски во режим на Дозволи и дека Советот за радиодифузија повеќе нема да биде концендент во името на Владата на Република Македонија, туку ќе има право самостојно да одлучува дали ќе додели или ќе одзема дозвола на радиодифузер(и).

Сега суштинска промена во законот за аудио и аудиовизуелни услуги за промена на моменталниот состав на Агенцијата, а подоцна и директорот на истата, си ти лично и персонално. Другите се колатерала. Односно да бидам попрецизен како што дошле така и ќе си одат ( со чест на исклучок).

Твојата политичка провиненција е најмалиот проблем, да ти најавам како те доживуваат. Одредена група има мислење дека си ги толкувал законите и си пронаоѓал законски дупки за да им овозможиш на одредени радиодифузери да се наоѓаат во повластена ситуација.

За разлика од емисијата Проверено што се емитува на ТВ 24 Вести јас ќе те потсетам на некои и не така дамнешни времиња, а кои оваа одредена група ги нотирала за овие неколку години.

Како ќе те толкуваат тебе лично Зоран Заев и неговиот СДСМ е нивна работа, но ќе мора некако преку институциите да докажат Дали имало одредени законски пропусти?

Да те потсетам Независно Регулаторно Тело како што беше Совет за радиодифизја и сега АВМУ, апсолутно се надвор од одлучувачката моќ на Владата и Собранието на Република Македонија.

  1. Недозволена медиумска концентрација во 2012 та година

На 1-ви Октомври 2012 година на 41 та седницца на Советот за радиодифузија ја разгледала и усвоила Информацијата во врска со усогласувањето на радиодифузерите со член 11 од законот за радиодифузна дејност.

Тоа значи дека ТВ Сител, ТВ Канал 5 и Радио Канал 77 требале да ги отстранат следниве пречки од недозволена медиумска ковентрација до 01.10.2012 година:

  • Љубисав Иванов е пратеник и лидер на политичка партија, татко на Горан Иванов управител на ТВ Сител
  • Борис Стојменов е пратеник и лидер на политичка партија, татко на Емил Стојменов сопственик на ТВ Канал 5
  • Биљана Казанџиска, пратеник, сестра на Горан Гаврилов управител на Радио Канал 77

Претседател на Советот за радиодифузија на РМ е м-р Зоран Трајчевски.

Два радиодифузни субјекта пробале да ја отстранат пречката во текот на месец Септември во 2012 година.

На едниот си утврдил дека настанале законски пречки за имателот да врши радиодифузна дејност и сте иницирале постапка за одземање дозвола и дека во рок од 15 дена  ќе донесете одлука.

Третиот радиодифузер воопшто не постапил пред утврдениот рок да ја отргне пречката, туку тоа го започнал на 07.10.2012 година.

Двата радиодифузера кои имаат проблем со решавањето на недозволената медиумска концентарација ги разрешиле во периодот помеѓу 19- 26.10.2012 година. Поточно го промашиле рокот, а ти си прогледал низ прсти. Тоа вообичаено некои го викаат непостапување по закон на раководно лице.

Лично ти соопштив, а тоа го мислам и ден денес сите три радиодифузни за мене се институции во приватна режија без разлика на моите релации со нивните сопственици или управители.

Е сега Зоран Заев можеби ќе ти постави прашање во стилот на твојата поранешна партиска другарка г-ѓа Гордана јанкуловска:

Шу праиме сега?

Јас ти посакувам добро здравје да те служи.

  1. Случајот Телевизија А2

За да се додвориш колку си голем ВМРО-овец посегна по лиценцата на Телвизија А2 која беше регистрирана како национална сателитска телевизија. И тоа на најпримитивниот начин. Во моменти на реорганизирање на телевизијата и платен ДДВ од страна на братот на Фијат Цановски, Советот за радиодифузија на РМ каде претседател е м-р Зоран Трајчевски утврди дека не се испочитувани програмските стандарди и ја одзеде лиценцата. Секоја чест. Ама има еден проблем.

Вакви лиценци беа доделени вкупно 10. И има еден интересен услов 70 вработени.

Во Агенција за вработување стои историјат на вработени. И сега кога ќе проверат можеби Зоран Заев повторно ќе ти постави прашање во стилот на твојата поранешна партиска другарка г-ѓа Гордана Јанкуловска:

Шу праиме сега?

  1. ЗАМП и документите за реемитување на НОВА ТВ(Хрватска)

Едно не можам да разберам. Во АВМУ постојат документи кои можат да бидат неверојатно непријатни за ЗАМП. Ти ги поседуваш. Во архива. Почнал да ги собира уште, сега покојниот Зоран Стефановски, по моја дојава.

Самиот знаеш дека во тие документи има индиции за лажен договор за реемитување на Нова ТВ од Р.Хрватска и дека истиот не само што бил нуден на кабелските оператори, туку и се наплаќало по истиот. Од 2011 година си таму и упорно си молчиш дека можеби е повреден законот и дека одреден субјект се здобил со незаконска финансиска корист. Те замолив да се обратиш до ОЈО. Ако тогаш ти пречеше Зврлевски, што ти смета сега. Доколку сакаш, можам да те упатам во Кривичниот суд во одделот за организиран криминал.

Е поради ова, можеби, Зоран Заев ќе си постави две логични прашања:

  • Или овие не знаат да работат
  • Или имаат одреден интерес

Самиот си знаеш зошто е тоа така.

Навистина очекував дека ќе бидеш доследен во периодот кога политиката ти наметна ад хок тело да носи одлуки наместо тебе за време на изборен процес. Мислев дека си голем и доблесен човек и ќе си одиш со дигната глава.

Но во суштина ти си ги промашил часовите за морал и етика кај Кирил Темков и си учел каква улога има во твојот карактер маковото зрно.

Нека ти е со среќа.

Автор: Виктор Грозданов