четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 56

Отворено писмо од Стефан Влахов – Мицов до претседателот Иванов

Денес, во овој клучен момент од нашата судбина како народ и како држава, мора дифинитивно да одлучите дали ќе продолжите по предавничкиот пат на своите претходници, или преку својата функција ќе бидете неосвоива тврдина за македонските непријатели, стои во писмото.

Stefan-Vlahov-Micov-int113-1

Последни вести

До Н.Е. ПРОФ. Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРЕТСЕДАТЕЛЕ,
Моментално претседателската институција во Република Македонија е последната препрека пред уништувањето на македонската држава. Како Претседател на Република Македонија, Вие согласно со чл. 79 од македонскиот УСТАВ не само што ја претставувате Републиката туку и имате обврска да ја браните преку одредбите на Уставот.
Според Уставот, Република Македонија е унитарна држава, а со тоа се исклучува двојазичност и кантонизација врз целата земја, значи исклучува и одвоени институции како и буџети по етнички или по каков било основ.

За одбрана на Република Македонија од надворешни и внатрешни непријатели, Уставот Ви дава два законски инструменти: Прво – при давање мандат за создаване на Влада; Второ – за објавување на вонредна или воена состојба.

Според чл. 90, Претседателот има обврска да го даде мандатот на партијата која има мнозинство во Собранието но, според чл. 84 „Претседателот на Република Македонија го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија”. ТОА Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕКОЈ КОЈ САКА ДА ГО РУШИ УСТАВОТ И ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО ДОБИЕ МАНДАТОТ.

Притоа, станува збор само за победничката партија по изборите. Уставот не предвидува мандат за второпласираната партија (или коалиција) ПРИ НИКАКВИ УСЛОВИ. За жал, Вашите претходници на Претседателската позиција, нанесоа непоправливи штети на македонската држава. Киро Глигоров не само што го прекрши Уставот при давање на мандат за Влада туку и дозволи ревидирање на Уставот со менување на македонското знаме и химна, како и со приклучувањето на Република Македонија во Обединетите нации со референца, наместо со Уставното име.

Борис Трајковски во 2001 година потпиша капитулација на Македонската држава и истата преку „Рамковниот договор” беше преточена во Уставот. Бранко Црвенковски организира и спроведе територијална поделба со која практично целата Западна Македонија административно потпадна под власта на албанскиот екстремизам.

Денес, во овој клучен момент од нашата судбина како народ и како држава, мора дифинитивно да одлучите дали ќе продолжите по предавничкиот пат на своите претходници, или преку својата функција ќе бидете неосвоива тврдина за македонските непријатели. Моментот е уште подраматичен, затоа што од една страна постои опасност од тензиите кои секојдневно растат на Балканот да се трансформират во војна. Неслучајно македонските соседи со поддршка од функционери на САД и ЕУ се спремат да не делат како во 1913 година, така и ова мало останатото парче од етничка Македонија сакаат да го разнебитат. Од друга страна на хоризонтот се ближи нова светска војна со незамисливи последици.

Во ова пресудно време, Ваша обврска како Претседател и државник, а истовремено и како граѓанин и Македонец е ДА НЕ ДАВАТЕ ПО НИЕДНА ЦЕНА (ВКЛУЧИТЕЛНО ВЕТУВАЊА И ПРИТИСОЦИ) МАНДАТ ЗА ВЛАДА НА ИНДИВИДУИ И ПАРТИИ КОИ ОФИЦИЈАЛНО СЕ СПРЕМАТ ДА ЈА УНИШТАТ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, КОЈ Е ГАРАНТ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ДРЖАВАТА, НЕ СМЕЕ ДА ДАДЕ ЗАКОНСКА ПОДДРШКА ЗА НЕЈЗИНО УРИВАЊЕ.

Минатата година со еден храбар потег, Вие спречивте граѓанска војна во Република Македонија. Независно од надворешните фактори, кои ја организираа. Денес, пред Вас е уште потешка задача – да спречите со сите законски средства кои ги имате на располагане со Уставот, ликвидирање на унитарниот карактер на државата, да ја спречите нејзина кантонизација, двојазичност, менување на исконското македонско име и уништување на Македонската Република. Македонскиот народ опстојувал близу три милениуми независно од историските премрежија. Независно од своите непријатели и од своите предавници. Така ќе биде и во иднина.

ВАШ Е ИЗБОРОТ ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕТЕ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛ ИЛИ КАКО МАКЕДОНСКИ ОТПАДНИК.

Со почит, 8.02.2017 г. Стефан Влахов – Мицов Скопје

Најчитани вести